Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, рече дека 130 000 мигранти веќе ја преминале турско-грчката граница и мора да бидат запрени колку што е можно појужно.
„Нема да биде доволно да се одбрани грчко-турската граница“, рече Орбан на прес-конференција со другите премиери на земјите од Вишеградската група (Полска, Словачка, Унгарија и Чешка) во Прага.
Орбан рече дека мигрантите што ја преминуваат грчката граница мора да бидат запрени пред да влезат во други земји, додавајќи дека треба да им се пружи помош на Македонија и Србија, а доколку мигрантите ги преминат границите на тие земји, Унгарија ќе ја формира последната бариера.
„Како последно средство, ние ќе ја браниме надворешната граница на Европа“, рече унгарскиот премиер.