РКЕ предлага при издавање на одобренија за градба да се наведе на што ќе се грее секој нов објект

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги предлага измени во Законот за градење со што ќе се обезбеди задолжително при издавање на одобрението за градење точно да се наведе на што ќе се грее секој нов објект што ќе се гради.

„Мотивот за иницијативата што ја преземаме како регулаторно тело со ова предлог- решение е со цел на најефикасен и најекономичен начин да бидат искористени ресурсите со кои располагаме како држава за да се реши греењето на граѓаните. Станува збор за пракса преземена од европските метрополи, модел што не фаворизира туку дава предвидливост, сигурност и стабилност во испораката. На овој начин ќе имаме однапред мапираните реони каде и на кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. На пример: каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат на истиот, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем како би го решил проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Крајна цел е, додаде тој, домаќинствата да добијат економичен, ефикасен и еколошки енергенс, а операторите на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде и во кои реони да ги зајакнат инвестициските циклуси во мрежата за да сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот.

Во 2019 година вкупно 48 потрошувачи биле приклучени на преносната мрежа за гас од каде биле потрошени скоро 296 милиони нормални метри кубни гас (295.881.382 nm3) што во споредба со 2018 година има зголемување на потрошувачката од 14 %.
Најголем потрошувач е гасна електрана-топлана Те-То АД Скопје, по него се топланите, компании од металната, прехрамбената и општата индустрија, на природен гас приклучени се и два објекти од здравството, а тоа се Клинички центар и болницата „8 Септември“ и од јавните институции Министерството за одбрана и ЈСП.

Треба да знаете
Последни објави