Тејлор Свифт е најпродаван светски изведувач во 2019 година

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт е на врвот на листата на најпродавани музички уметници во светот во 2019 година, благодарение на успехот на нејзиниот албум Lover. Таа ги победи популарните дела, вклучувајќи ја и корејската поп сензација БТС, соопшти во понеделникот IFPI , Меѓународната федерација на фонографската индустрија.

Ова е втор пат за 30-годишната пејачка-текстописец да го заземе тронот како најпродаван изведувач во светски рамки.

Првиот пат беше во 2014 година кога дебитираше со нејзиниот албум насловен „1989“.

Lover е седми студиски албум на Тејлот и вклучува хитови како што е насловната нумера, балади и одличниот сингл ME!

На второто место на листата најпродавани изведувачи во глобални рамки се најде британскиот пејач-текстописец Ед Ширан.

Трет на листата е раперот Пост Малоне а на четврто место е 17-годишната Били Ајлиш, идол на тинјџерите, која што во јануари ја освои главната „Греми“ награда.

„Квин“, рок групата формирана во Лондон во 1970 година, е на петтото место. Музиката на овој бенд воскресна по објавувањето на биографскиот филм за Фреди Меркјури „Боемска рапсодија“.

Ова е уште една поврда дека 2019-тата е најдобра година досега за Тејлор Свифт. Во ноември минатата година, во рацете на 29-годишната музичарка завршија вкупно шест статуетки, со што таа го сруши рекордот за најголем број освоени американски музички награди (American Music Awards). Претходно, рекордот беше поставен од Мајкл Џексон со 23 награди, а Тејлор досега може да се пофали со 29 АМА награди. Таа не само што победи во сите петте категории во кои беше номинирана, туку беше прогласена и за изведувач на деценијата.

Треба да знаете
Последни објави