Фукушима и Футаба не се закана за Олимпијадата

Јапонската влада делумно го отвори за јавноста последниот град изолиран по несреќата на нуклеарниот реактор во Фукушима пред девет години со намера да го демонстрира закрепнувањето на целиот регион од зрачење, пред претстојните Олимписки игри во Токио, пренесе АП.

Сите 7.000 жители на Футаба беа присилно иселени по катастрофалниот дефект на реакторот што се случи по земјотресот и цунамито во март 2011 година.

Јапонските власти се подготвуваат за настанот што ќе го одбележи поаѓањето на олимпискиот пламен од регионот Фукушима.

Факелот со олимпискиот пламен ќе помине и преку Футаба, мал град на само четири километри од нуклеарниот реактор што беше уништен во 2011 година.

Претставниците на Футаба изразија надеж дека поранешните жители на градот ќе се вратат, иако стравот од зрачење сè уште е присутен кај многумина.

Многу жители на Футаба кои беа евакуирани во 2011 година, во меѓувреме, започнаа нов живот во други градови во Јапонија и не планираат враќање иако нивото на зрачење сега е во прифатливи граници.

Треба да знаете
Последни објави