Шкендија со гол повеќе во гости го елиминира Работнички

Во полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија ќе играат: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум. Ова е епилогот по одигрувањето на денешните реванш четвртфинални натпреаври во кои актуелниот бранител на трофејот Академија Пандев благодарение на победата од првиот меч во Чаир, го елиминира Шкупи со реми (1:1) како домаќин, а Шкендија поради повеќе постигнати голови во гости му ја скрати радоста на Работнички (2:2) откако на првата средба во Тетово беше (1:1).

Шкендија на двапати имаше водство, но Работнички не се откажуваше и израмнуваше, но не нарави и резултатски пресврт. Нафиу во 38. минута погоди за водство на Шкендија (1-0), а Јевтовски од пенал во 71. минута го изедначи резултатот на 1-1. Ибраими со прекрасен гол во 75 пак и обезбеди предност на Шкендија, која Работнички преку Крстевски успеа само да ја анулира2-2.

Струга Трим Лум со 2-1 победи на гостувањето кај Ренова, а најубедлива беше Брегалница во второлигашката пресметка која со 4-1 го декласира Лабуништа.

Резултати:
Лабуништа – БРЕГАЛНИЦА 1-4 (0-1 прв натпреавр)
Работнички – ШКЕНДИЈА 2-2 (1-1)
Ренова – СТРУГА ТЛ1-2 (0-0)
АК. ПАНДЕВ – Шкупи 1-1 (1-0)

Резултати:

Работнички – Шкендија 2:2

Академија Пандев – Шкупи 1:1

Ренова – Струга Трим Лум 1:2

Лабуништа – Брегалница 1:4

Треба да знаете
Последни објави