Љубов како од бајка- Федерер си ја отвори душата: „ Без мојата Мирка, сè би било многу потешко”

Тенисерот кој ретко открива интимни детали за својот живот сепак ја отвори душата и изјави неверојатно прекрасни, нежни зборови за својата сопруга Мирка.

Пред очекуваното враќање на Ролан Гарос после 4-годишното отсуство, Роџер Федерер отворено зборуваше за својата сопруга Мирка Вавринец со која е речиси 20 години заедно.

Во неговото најново интервју за Le Figaro, славниот тенисер призна дека Мирка отсекогаш му била огромна поддршка во неговиот живот.

„Многу ми е битна во животот, многу научив од неа“ – изјавил Швајцарецот.

Федерер (38) и Мирка (41) се запознале за време на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година каде што и двајцата биле натпреварувачи.

Разликата во годините не претставувала никаков проблем, бидејќи Федерер отсекогаш ја фалел зрелоста која Мирка ја внесувала во нивната врска.

„Општо познато е дека жените на почетокот на врската побрзо созреваат од нас мажите, а таа веќе беше 3 години постара од мене. Знаеме дека момче од 18 и девојка од 18 години не се исти, мажите созреваат подоцна“.

Federer-si-ja-otvori-dusata (2).jpg

Оттогаш двајцата станале неразделни. Мирка е родена во Словачка, а емигрирала во Швајцарија кога имала само 2 години, се натпреварувала на четири Гренд Слем турнири и успеала да дојде до 76-тото место на светската ранг-листа, но една година по Олимпијадата во Сиднеј одлучила да се повлече од тенисот и да се фокусира на претстојната блескава кариера на своето момче.

Од тогаш, Мирка е одговорна за сите прашања поврзани со односите со јавноста и соработката на Федерер со медиумите.

„Таа е многу строга, но мошне професионална. Импресивно!“ – додал Федерер објаснувајќи ја улогата која ја стекнала неговата сопруга во текот на неговата професионална кариера.

„Секогаш била тука за мене. Ми помогна во сè што можеше и без неа ништо не би било лесно за мене“.

Federer-si-ja-otvori-dusata (1).jpg

Федерер инсистира дека дел од неговиот успех се должи на неа и семејството кое го формирале заедно.

„Сонувавме да имаме таква врска, особено со четири деца сега“.

Тенискиот тандем се венчаше во 2009 година, а имаат 4 дечиња, односно 2 пара близнаци. На прашањето дали децата ќе ги следат нивните спортски стапки, Федерер е јасен во ставот дека ќе ги поддржи во одлуките коишто ги носат и уверува дека нема да им врши притисок да станат професионални спортисти.

Federer-si-ja-otvori-dusata (3).jpg

„Што и да изберат, ние ќе ги поддржуваме. Би било интересно затоа што јас и мојата сопруга сме упатени во спортот, но нема да ги присилуваме во тој правец. Им даваме можност, но тоа не е приоритет. За нас е важно тие да бидат добри граѓани, добри луѓе“.

Треба да знаете
Последни објави