Граѓаните на Косовска Митровица му го честитаа 50-от роденден на српскиот претседател Александар Вучиќ на необичен начин, пренесе порталот „Косово онлајн“.
Тие синоќа, во чест на Вучиќ со факели го испалија бројот 50 и видеото го објавија на Јутјуб.
Претседателот на Србија, инаку, денеска полни 50 години.