Во Битола одбележана годишнината од смртта на кинематограферот Милтон Манаки

 Делегации на Општина Битола, Советот на општината Битола, на Кинотека на Македонија, државниот Архиф, ИФФК „Браќа Манаки” и Комуна на Власите во Битола одбележаа годишнина од смртта на еден од првите сниматели на Балканот, Милтон Манаки.

На влашките гробишта во Битола цвеќе положија претставниците на институциите, а во своето обраќање градоначалничката Наташа Петровска посочи дека Милтон Манаки заедно со неговиот брат Јанаки оставија големо културно наследство.

-Браќата Манаки овозможија како град да се промовираме на интернационално ниво. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност на нивното дело, секогаш ќе го чествуваме овој ден со респект и почит, рече меѓу другото Петровска.

Според архивата на ИФФК „Браќа Манаки”, на денешен ден пред 41 година била промовирана идејата за почеток на Фестивалот на кинематограферите во Битола.

Треба да знаете
Последни објави