Доаѓа крајот на катастрофалните политика на СДСМ

Изминативе три години СДСМ и Заев целосно ги заборавија  граѓаните  и најважно им беше тие да се збогат колку е можно повеќе.

Поради нивните лоши политики над 500 000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а скоро 70% од граѓаните не ја гледаат својата иднина во државата.

Лага е дека СДСМ ја зголемиле социјалната помош за 300%, кога вистинска слика е дека не станува збор за никакво зголемување, туку тоа е збир на сите права од социјалната заштита.

Без никаков срам се фалат дека придонеле во детската заштита, но реалноста е дека владата на  СДСМ го укина додатокот за трето дете и не го реализираа ветувањето за изградба на детски градинки.

Без никаков срам најавуваа изградба на социјални станови, а не само што  не успеаја да изградат ни половина од она што го ветија,  не беа способни да ги завршат и оние кои беа започнати од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, крајот на овие катастрофално политики доаѓа.

Доаѓаат подобри времиња. По 12 април  доаѓа обновата на Македонија. Обнова која ќе ја предводи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави