Заев – Соботка: Австрија останува силен поддржувач за ЕУ интеграција на Северна Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, денеска се сретана со претседателот на Националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка.

На средбата било разговарано за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите, процесот на реформи, како и соработката меѓу двете земји.

Заев истакнал дека сите македонски институции се силно посветени на европската агенда.

„Во изминатиот период како држава и институции покажавме силна мотивираност во реформскиот процес за да дадеме дополнителни аргументи пред ЕУ. Донесовме сериозни законски решенија битни за државата и граѓаните, меѓу кои и Законот за јавно обвинителство кое се донесе со двотретинско мнозинство, со што покажавме дека државните интереси ни се далеку пред партиските и во таа насока продолжува“, посочил лидерот на СДСМ.

Заев нагласил и дека Австрија е сериозен економски и политички партнер на Северна Македонија и затоа е важно соработката да се продлабочува.

Соботка, пак, уверил дека Австрија пред европските партнери ќе се заложи грешката од октомври да биде исправена.

Треба да знаете
Последни објави