Иранскиот режисер кој доби „Златна мечка“ преку СМС повикан на издржување казна затвор

Иранскиот режисер Мохамад Расулоф, кој минатиот викенд беше награден со Златната мечка на 70. меѓународен филмски фестивал во Берлин, добил СМС-порака да се пријави на суд за издржување на затворска казна од една година, изјави адвокатот на режисерот.

„Расулоф во средата доби СМС-порака во која се повикува да му се јави во судот за да почне со издржување на казната затвор“, рече адвокатот Насер Зарафчан за „Франс прес“.

Новиот филм на Расулоф „There is No Evil“ ја освои Златната мечка на 70. Берлинале. Филмот е забранет во Иран, а самиот режисер не присуствуваше на доделувањето на наградите бидејќи беше осуден на една година затвор и двегодишна забрана за напуштање на земјата. Осуден е поради „пропаганда против политичкиот систем“ на Иран.

Адвокатот го советувал режисерот засега да не се јавува пред судот, бидејќи обичната СМС-порака нема правна важност.

Филмот ја критикува смртната казна во Иран.

Треба да знаете
Последни објави