Кети Пери откри дека е бремена во видеото за новиот сингл

Пејачката потврди дека е бремена со прво дете со свршеникот Орландо Блум.

Кети Пери (35) со објава на Твитер во четвртокот наутро на своите фанови им напиша дека е олеснување конечно да може да ја сподели веста. А на крајот на видеото за нејзиниот нов сингл Never Worn White таа го открива заоблениот стомак.

Детето ќе биде им биде прво на Кети и Орландо. Актерот (43) веќе е татко на деветгодишниот Флин кого го подига поранешната сопруга, супермоделот Миранда Кер (36).

Објавата дојде само неколку минути по премиерното прикажување на видео спотот. Таа напиша дека ѝ е мило што повеќе не мора да крие и да носи голема чанта.

 

Речиси еден час по премиерата на видеото, музичарката ја објави веста за бременоста и на својот Инстаграм. И додаде дека детето ќе дојде на свет во летните месеци.

На прашањето како се чувствува како идна мајка, Пери рече дека е нестрплива и дека чувствува огромно олеснување што конечно може да ја сподели убавата вест.

„Возбудена сум, ние сме возбудени, и среќни. Ова веројатно е најдолгата тајна што некогаш сум ја задржала. Мислев дека најдобар начин да ви ја кажам новоста е преку парче музика.“

Веднаш по објавата, славните колеги на своите Твитери испратија честитки за идната мајка.

 

Треба да знаете
Последни објави