Мик Џегер се враќа на глумата по речиси 20 години

Поминаа 20 години откако сер Мик Џагер глумеше последен пат, но како и да е,  новиот филм The Burnt Orange Heresy („Темнопортокалова ерес“) докажува дека тој сè уште е во добра форма.

Премиерата на филмот –  трилер за интриги во светот на уметноста – е закажана за петок оваа недела. Филмот, во режија на Италијанецот Џузепе Капотонди, претставува адаптација на истоимениот роман на американксиот писател Чарлс Вилфорд, а главните улоги ги играат Доналд Садерланд и Елизабет Дебицки.

Во филмот Џегер глуми богат уметнички колекционер опседнат со делата на еден осамен уметник против кого кова завера со цел да му украде вредна слика.

Ѓаволестиот колекционер на уметнички дела на лукав начин ќе убеди новинар да го искористи реткото интервју со уметникот (кого го глуми Доналд Сатерленд) како можност да украде една од неговите слики.

Ова му е прв филм на лидерот на легендарните „Ролонг Стоунс“ од 2001 година, кога глумеше во The Man From Elysian Fields, а според него, можеби е неговиот последен.

Британската рок ѕвезда досега глумел во десетина долгометражни филмови.

 

 

Треба да знаете
Последни објави