По коалицијата со СДСМ, Касами на средба со Филип Рикер

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, во Вашингтон оствари работна средба со помошниот државен секретар за Европа и Евроазија и поранешен американки амбасадор во Македонија, Филип Рикер.

За средбата Касами објави на својот фејсбук-профил.

СДСМ и Движењето БЕСА минатата недела го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

https://www.facebook.com/KasamiBilall/posts/954954284918590

Со тоа, првпат во историјата се постигна предизборна коалиција меѓу партии од македонскиот и албанскиот блок.

На средба со жителите на Опае претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска истакна дека коалицијата со Движењето Беса е одраз на храброст, мудрост и вистинско сплотување.

Треба да знаете
Последни објави