На 04.03.2020 во 11.55 часот на бул.„Србија“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(36) од Скопје и велосипед управуван од В.С.(70) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.С. и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.