Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Добри вести од Меѓународниот монетарен фонд кој изрази поддршка за земјите кои се борат и го ублажуваат влијанието на Ковид-19 врз економиите насекаде, особено оние со ниски приходи и поранливите, напиша на Твитер директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Според Ворлдметар, во светот досега се пријавени 96.274 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 3.304, а излекувани се 53.900.

– До денеска во ЕУ се регистрирани 3.400 случаи на заразени со новиот коронавирус, соопшти претставник на Европската комисија на состанок на комисијата за здравство на Европскиот Парламент.

– Грција соопшти дека бројот на заразени се зголеми на 10 лица.

– Германија соопшти за 109 нови случаи на заразата за само еден ден со што вкупниот број на болни се зголеми на 349.

– Во САД бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 11.

– Јужнокорејските власти информираа за 467 нови случаи, со што вкупниот број на заразени во Јужна Кореја се зголеми на 6.088. Бројот на починати се зголеми на 36.

– Иран соопшти дека има уште 15 смртни случаи, со што вкупниот број досега изнесува 107. Сомнителни се 23.327 случаи, а потврдени се 3.513 инфекции, соопшти портпаролот на Министерството за здравство. Иран денеска ги затвори сите училишта.

– СЗО објави уште едно предупредување во кое вели дека измамници се претставуваат како вработени во СЗО и од луѓето бараат пари и лични податоци.

– Во Швајцарија е регистриран првиот смртен случај од новиот коронавирус. Се работи за 74-годишна жена која се разболеле пред два дена.

– Хрватскиот министер за здравство Берош рече дека засега нема нови случаи на заразата во Хрватска.

– Забавувањето на производството во Кина поради појава на новиот коронавирус  ја нарушува светската трговија и може да резултира со пад на извозот во износ од 50 милијарди долари, се наведува во проценките објавени од Агенцијата за трговија и економски развој на ОН (УНКТАД).

– Речиси 300 милиони ученици во светот не одат на училиште, а Италија е последна во низата земји кои затвораат училишта со цел да го запрат ширењето на новиот коронавирус.

– На Исланд се заразени уште шест лица со што вкупниот број на заразени се зголеми на 26.

– Полска го потврди првиот случај на зараза. Се работи за маж кој допатувал од Германија.

– Во Индија се регистрирани вкупно 30 заразени лица.

– Јапонската префектура Шига соопшти за прва инфекција со новиот коронавирус, откако Меѓународниот олимписки комитет потврди дека Олимпијадата во Јапонија ќе почне според распоред во јули.

Треба да знаете
Последни објави