Во Италија 148 смртни случаи од коронавирус

Бројот на смртни случаи од епидемијата на коронавирус во Италија се зголеми на 148 во изминатите 24 часа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, при што вирусот сè уште не покажува знаци на забавување.

Вкупниот број случаи во земјата изнесува 3.558, што е за 767 повеќе од вчера, објави „Ројтерс“.

Раководителот на Агенцијата за цивилна заштита рече дека од лицата кои биле заразени првично, 414 целосно закрепнале.

Заразата се појави пред 14 дена главно во северна Италија, но сега е проширена во сите 20 региони во земјата. Бројот на починати во Италија е поголем од тој во Кина во истиот период.

Треба да знаете
Последни објави