Дваесет и седум нови случаи на заболени од новиот коронавирус во Белгија

Министерството за здравство на Белгија соопшти дека се детектирани дополнителни 27 лица заразени од Ковид-19, вкупниот број на заболени достигна 50.

-Дваесет и седум нови случаи на зараза од новиот коронавирус беа детектирани на четврти март. Шестнаесет од нив се во Фландрија, два во Брисел и девет во Валонија, повеќето се вратени од одмор во Италија и имаат благи симптоми, пациентите се изолирани и се негуваат дома или во болница, соопштија од Министерството за здравство.

Владата очекува повеќе случаи во наредните денови, но се уште не се преземаат нови мерки за спречување на епидемијата. 

Треба да знаете
Последни објави