Де Бруин може да го пропушти градското дерби со Јунајтед

Играчот од средниот ред на актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити, Кевин Де Бруин, е под знак прашалник за градското дерби со Јунајтед в недела, поради повреда на рамото.

Белгиецот го пропушти вчерашниот натпревар во ФА Купот, а Пеп Гвардиола објасни дека Де Бруин се повредил за време на финалето на Лига купот, кога падна непријатно на грбот и на рамото кон крајот на натпреварот.

Шпанскиот менаџер додаде дека не знае дали Де Бруин ќе биде подготвен за дербито в недела.

Гвардиола ја коментираше и вчерашната победа за ФА Купот против Шефилд. Граѓаните победија со минимални 1-0.

– Ова е четврт последователен натпревар на гостински терен и имаме уште еден на „Олд Трафорд” в недела. Потрошивме многу енергија последните натпревари, но играчите беа подготвени. Не дозволивме ниту еден шут во рамките на нашиот гол. На крајот реализиравме, а можевме да постигнеме многу повеќе, порача Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави