Од Фудбалската Асоцијација на Англија донесоа одлука пред почетокот на натпреварите, играчите да не се ракуваат поради спречување на евентуално ширање на коронавирусот.
„Скај Спортс“ пренесе дека раководството на Премиер лигата одлучило да се забрани ракувањето,а тоа ќе почне и од натпреварот од ФА Купот помеѓу Манчестер ЈУнајтед и Дерби Каунти.
„Фер плеј ракувањето пред и по натпреварот повеќе нема да биде возможно од ова коло во Премеир лигата. Ова стапува на сила додека не се одлучи поинаку. Коронавирусот на таков начин најмногу се шири и сакаме да го запреме кога веќе сме во можност“ –соопштија од Премиер лигата.