Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон во документарецот „Хилари“ тврди дека неговата афера со Моника Левински, поранешна практикантка во Белата куќа, била една од работите што ги направил за да се справи со анксиозноста, пишува „Дејли меил“.
Новата документарна серија почнува да се емитува во петок на услугата за стриминг Хулу, а Клинтон открива дека во моментот кога ја запознал Левински, поради притисок кој го чуствувал на функцијата на неагледал како личност што може да го одвлече вниманието од тој притисок некое време. Клинтон ѝ се извини и рече дека се чувствува страшно што нејзиниот живот е обележан со нивната афера, поради што републиканците се обидоа да го отстранат од функцијата.
Клинтон за аферата зборуваше последен пат во 2018 година, но тогаш рече дека не ѝ должи извинување на Левински. Аферата излезе во јавноста во јануари 1998 година. Одговарајќи на наводите од медиумите, Клинтон тогаш ја даде својата позната изјава дека нема никаков однос со Левински. Поради аферата, во декември 1998 година, откако стана јасно дека тој ја излажал поротата за сè и ја негирал својата врска со Левински, му беше поднесен инпичмен во Претставничкиот дом, но Сенатот го ослободи од обвинението па продолжи да ја извршува функцијата до крајот на мандатот.
Клинтон во серијата рекол како ѝ признал на сопругата Хилари дека ја изневерил.
-Разговарав со неа, ѝ реков точно што се случи, дека се чувствував ужасно од сè. Имавме тежок период тие неколку години. И реков дека нема никаков изговор за моето однесување, рече Клинтон.
Хилари, поранешна сенаторка, државен секретар и претседателски кандидат, изјави дека била скршена од аферата.
– Не можев да верувам дека се случи. Беше лично, болно и не можам да верувам дека ме лажеше, рече Хилари.
На прашањето зошто ризикувал толку многу, со оглед на штетата што му предизвикала аферата, тој одговори дека во моментот на измамата не размислувал за тоа прашање.