Лиса е првата заловена рисица во НП ,,Маврово“

Македонското еколошко друштво (МЕД) со Националниот парк „Маврово“, минатата недела со помош на кафез-замка заловија нова единка балкански рис на планината Бистра, во близина на селото Ростуше.

-Утврдивме дека се работи за рисица на возраст од 6-7 години, тешка 15 кг. Оваа дама е во одлична здравствена состојба, а тоа го потврдуваат и првите наоди на терен од плен – срна, само три дена по заловувањето. Се надеваме на уште убави вести од терен!,соопштува Македонското еколошко друштво.

Рисицата е крстена Лиса по желба на ренџерите од НП „Маврово“ и е третата женка означена со околувратник во досегашните мониторинг сесии, а деветта различна единка рис заловена во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.

Фотографиите од заловувањето се направени од Себастијан Кенеркнехт од Германија, професионален фотограф за диви животни

Треба да знаете
Последни објави