Османи: Се остварува иницијативата на Италија за брзо враќање на проширувањето на агендата на ЕУ

Се остварува иницијативата на Италија за брзо враќање на европските интеграциите назад на ЕУ агендата, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со министерот-советник и генерален директор за Балканот при Министерството за надворешни работи на Италија, Андреа Касконе во рамки на неговата посета на земјава.

-По длабокото разочарување од октомвриските самити, иницијативата од премиерот Конте, за брзо враќање на процесот на проширување високо на Агендата на ЕУ, денес во целост е исполнета. Пред нас имаме практично усогласена рамка за новата методологија и Извештај на Европската Комисија кој нуди можност на претстојниот самит на ЕУ да се исправи грешката од минатата година, истакна Османи, упатувајќи благодарност до Касконе за про-активната поддршка од страна на Италија за Република Северна Македонија, и воопшто за процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

За време на разговорот, како што соопшти СЕП, двајцата соговорници заеднички констатирале дека двете земји имаат одлични билатерални односи во многу области од заемен интерес, засновани врз меѓусебна доверба, почит и разбирање на повеќе нивоа, а воедно беше изразена и заедничка согласност за европските перспективи на целиот Западен Балкан

Треба да знаете
Последни објави