Хеликоптерот кој го превезувал директорот на филипинската национална полиција, Арчи Гамбоа, се урна при полетување во провинцијата Лагуна, јужно од Манила, соопшти полицијата.
Гамбоа се здобил со полесни повреди, а другите двајца генерали на полицијата се во критична состојба, јавуваат локалните медиуми.
Гамбоа и седум други се примени во болница на лекување.
За време на полетувањето хеликоптерот случајно закачил жица со висок напон, соопшти полицијата.
Хеликоптерот потоа се запалил, според извештаите на медиумите.