Стеф Кари се враќа во тимот на Голден стејт по пропуштени 58 натпреаври

Најдобриот кошаркар на поранешниот НБА-шампион, Голден стејт, Стеф Кари ќе се врати на паркетот по 58 пропуштени натпревари. 31-годишниот Кари се враќа на паркетот вечерва против Торонто, потврдија од Голден стејт на официјалниот Твитер профил.

Кари се повреди во октомври минатата година по само четири одиграни натпревари. Во ноември и во декември имаше по една хируршка интервенција поради скршеница на шаката од левата рака. Па, сега по четири месеци повторно се враќа на терен. Во негово отсуство Голден стејт стана најлошата екипа во лигата со ефект од 14 победи и 48 порази. Освен Кари, на Голден стејт му недостасува и Клеј Томпсон, а долго време играа и без Дрејмонд Грин кој исто така беше повреден.

Треба да знаете
Последни објави