УЕФА планира да стартува нов проект за Летна Лига на шампиони

УЕФА и американската компанија „Релевент Спорт” се во преговори за одржување на нов клупски летен турнир во 2021 година.

Идејата е да се замени сегашниот предсезонски турнир „Интернешнл чампионс куп”, во кој се претставени најсилните европски тимови како дел од нивните подготовки за новата сезона.

УЕФА инсистира новиот турнир да има официјална природа и да се води на ист начин како Лигата на шампионите – со квалификации, групна фаза и елиминации.

Проектот е претставен пред водечките англиски тимови како што се Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем и тие веќе се согласиле и ги посочиле износите, за кои би учествувале на турнирот.

Треба да знаете
Последни објави