Двајца странци, туристи, сместени во хотел во Скопје се проверуваат за присуство на коронавирус. Едниот е од Сингапур, а другиот од Австралија. Ставени се во изолација и резултатите се очекува да бидат готови за 3-4 часа, информираше Венко Филипче, министер за здравство, на редовната прес-конфренција која се одржува секој ден откако во Скопје се потврди засега еден случај на новиот Ковид-19.
Странците, туристи во Скопје пристигнале на 28 февруари, а три дена имаат симптоми слични на настинки. Двајцата допатувале со авион на „Визер“ од Келн.
Во моментот екипа на епидемиолози се на терен и испитуваат за контактите кои ги оствариле во Македонија, земени се брисеви и се однесени на тестирани.
-Тие засега ќе останат во хотелската соба кадешто двајцата биле сместени, истакна Филипче.