Џенифер се релаксира на плажа во Мајами

Џенифер Лопез (50) отиде на заслужен одмор, и се чини дека ужива во сонцето на плажа во Мајами.

50-годишната поп дива, родена во Бронкс, на себе има бел едноделен костим за капење со отворен грб додека се релаксира на плажа.

Извршната продуцентка на Good Trouble („Добар проблем“) лицето го заштити со елегантна сламена шапка.

На фотографиите кои Џеј Ло ги сподели за своите 215.4 милиони следачи на социјалните мрежи, таа го покажува и свршеничкиот прстен – дијамант пресечен со смарагд – од свршеникот Алекс Родригез. Вредноста на прстенот, според таблоидите, е проценета на пет милиони американски долари.

Треба да знаете
Последни објави