Германија им нуди на ОН дополнителни 100 милиони евра помош за жителите на Идлиб

Германија им нуди на ОН дополнителни 100 милиони евра помош за жителите на сириска провинција што е во тешка состојба поради офанзивата што расели скоро еден милион луѓе, објави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

– Постојат јасни предуслови: хуманитарен пристап и заштита за хуманитарците, изјави Мас пред да замине на состанок со своите европски колеги во Загреб.

Тој истакна дека Турција и Русија, чии претседатели започнаа денеска со состанок во Москва треба да создадат такви предуслови.

– Она што ни треба сега е итен прекин на огнот и обезбедување залихи за милиони луѓе раселени во државата, рече Мас.

– Нивото на хуманитарна катастрофа во Идлиб е драматично, предупреди германскиот министер за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави