Гостин во скопски хотел на тест за коронавирус

Гостин кој престојува во еден од скопските хотели е на тест за коронавирус, објави „ТВ21“.

Лицето кое се тестира не е државјанин на Македонија, а престојува во хотелот „Елса“ на улица Македонија. Неговата хотелска соба е изолирана, а хотелот е поставен под карантин и забранети се влез и излез од истиот.

Во секој момент треба да почне редовната прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче на која информира за состојбата во државата со коронавирусот. Досега во Македонија има само еден пациент со коронавирус кој е во добра здравствена состојба.

Треба да знаете
Последни објави