Меѓуавганистанските мировни преговори може да почнат на 10 март во Доха, тврдат талибанците

Меѓуавганистанските мировни преговори може да почнат на 10 март во Доха. Тоа го изјави во Катар, Мохамад Соахил Шахин, портпарол на талибанците.

Претходно Шахин нагласи дека преговорите може да бидат одложени за друг датум ако учесниците не успеат да се договорат за ослободување на затвореници согласно мировен договор од 29 февруари меѓу САД и талибанците.

Тој додаде дека талибанците по посебно направен канал за комуникации со Американците ќе го подигнат прашањето за американскикте воздушни удари врз нивни позиции.

Треба да знаете
Последни објави