Најмалку 15 лица загинаа во воздушен напад во Сирија

Најмалку 15 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во воздушен напад врз село под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија, соопштија денеска опозиционите активисти.

Активистите велат дека нападот го извршиле руски воени авиони, пренесува АП.

Во нападот е погодена живинарска фарма во селото Марет Мусрин, во која биле сместени неколку илјади внатрешно раселени лица.

Нападот се случил неколку часа пред разговорот на рускиот и турскиот претседател во Москва за деескалација на кризата во сириската провинција Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави