Актуелниот победник во најмасовното натпреварување, Купот на Македонија, екипата на Академија Пандев и актуелниот шампион Шкендија кои важат за фаворити за освојување на ова натпреварување сезонава се разидоа во полуфиналните пресметки и ако ги оправдаат фавортиските улоги, ќе си ги одмерат силите во финалето.
Вака одлучи денешната ждрепка за полуфиналните двојки одржана денеска во ФФМ. Шкендија за противник го доби тимот на Струга ТЛ, а Академија Пандев второлигашот Брегалница од Штип.
Првите натпревари од полуфиналето се играат на 8. април, а реванш мечевите се закажани за на 6. мај.
Полуфинални двојки: Академија П. – Брегалница, Струга – Шкендија.