Студенти од УКИМ утре со еко- акција за чист универзитет

Утре,петок,6 март, студентите од државниот универзитет Св.Кирил и Методиј иницираат еко-акција за чист УКИМ.

Збирно место е кај споменикот Св Кирил и методиј додека почетокот на акцијата е предвиден од 12 часот.Алатот е веќе обезбеден.

,,Поттикнати од катастрофалната состојба на комплексот УКИМ кога е ѓубрето во прашање, ние студентите решивме да направиме акција која се надеваме дека ќе предизвика промена на долгорочен план. Евидентно е дека наидуваме на ѓубре насекаде низ целиот комплекс. Со акцијата сакаме да го промениме тоа. Но, самата акција е краткотрајно решение на еден огромен проблем со кој се соочува целата држава. Ќе испратиме апел до надлежните да постават повеќе канти за отпадоци, како и истите тие канти да бидат редовно празнети со цел да се дојде до одржливо решение.”-изјави студент,еко-активист.

На акцијата се добредојдени сите кои не сакаат државата да им наликува на депонија.-стои во најавата на акцијата.

Исто така, напоменуваат дека е планирана и координација со други факултети, со цел акцијата паралелно да се одвива и на останатите факултети.

 

Треба да знаете
Последни објави