Шабани: Правичната застапеност беше во фокусот на ДУИ, обезбедивме и унапредувања за вработените

Овој мандат на ДУИ во македонската влада донесе квалитативна институционална промена и формирање на ново министерство кое го замени и унапреди Секретаријатот за
спроведување на Охридскиот рамковен договор, истакна на денешната прес-конференција, партискиот претставник, Лирим Шабани.

Зборувајќи за соодветната и правична застапеност, Шабани нагласи дека во овој мандат од ДУИ работеле напорно за натамошно унапредување на ова прашање и
систематизацијата на вработените.

„Освен зголемувањето на бројот на вработени заради соодветна застапеност во институциите, преку конкретни активности успеавме да обезбедиме нивно унапредување“, посочи тој.

Претставникот на ДУИ се осврна и на Законот за употреба на јазиците и додаде дека благодарение на заложбите на партијата, формирани се институции кои се задолжени за спроведување на законот, како што се Инспекторатот и Агенцијата за албански јазик.

 

Треба да знаете
Последни објави