Иако многумина мислат дека стапката на смртност од коронавирусот е највисока во Кина, каде првично изби оваа епидемија, статистички највисока стапка на смртност од вирусот има во САД, пишува „Бизнис инсајдер“.
Врз основа на бројот на потврдени случаи, во САД починале 5,4 проценти од заразените. Ова е значително поголем процент од глобалниот просек од 3,4 проценти, пренесуваат американските медиуми. Во Кина стапката на смртност е 3,7 отсто.
Само Филипините имаат повисока стапка на смртност од САД, но тоа е затоа што таму се потврдени само три случаи, а еден од нив, човек од Вухан, е првата жртва надвор од Кина.
Сепак, „Бизнис инсајдер“ пишува дека е малку веројатно оти коронавирусот всушност е посмртоносен во САД, туку дека процентот е само производ на ограниченото тестирање во земјата.
Распространето тестирање не беше можно во САД веднаш откако беше потврден првиот случај, а постоеле и условви кој воопшто може да биде тестиран. До среда биле тестирани само оние лица кои имале контакт со потврдени пациенти, кои патувале на територијата на епидемија или кои побарале хоспитализација.
Тоа значи дека веројатно кај некои од овие павиенти резултатите се уште не се потврдени.
Во САД, коронарнавирус официјално е потврден кај 233 лица, а 14 лица починале.