Денес на рочиштето за Рекет на предлог на одбраната ќе сведочи Александар Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ. На минатото рочиште, возачот на Боки 13 во своето сведочење рече дека на едно патување во Белград, Јовановски добил коверт со пари од Радуловиќ по што патувањето го продолжиле кон Милано.
На почеток од денешната расправа, судијата Васка Николовска Масевска рече дека повеќе нема да дозволи меѓусебни дофрлања меѓу обвинетите и обвинителката што била честа пракса на досегашните судења.