Британскиот принц Вилијам го прекрши кралскиот протокол за да се фотографира со едно девојче од Ирска кое е голем обожавател на кралското семејство.
Членовите на кралското семејство обично не позираат со фановите и не даваат автограми, но Војводата од Кембриџ реши да ја исполни желбата на Џенифер Малоун, која му подари и букет цвеќиња.
A really nice guy 💚 #RoyalVisitIreland pic.twitter.com/EJQm1GPdI4
— Donna Malone (@donnamalone21) March 4, 2020
Нејзината мајка сподели фотографии на „Твитер“ каде доби илјадници лајкови.
Ова не е прв пат Џенифер, која има Даунов синдром, да се фотографира со познати личности. Минатата година, таа направи селфи со актерот Хју Џекмен.