Од 9-ти март се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно.
Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со надминување на проблемот повторно е во функција.
Возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19 часот.
Што се однесува до релацијата Приштина-Скопје, поаѓањето ќе биде во 7 часот, додека возот се очекува да пристигне во Скопје во 9.52 часот.
Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата.