Филипче: Македонија – Косово треба да се игра без присуство на гледачи

Минисетерот за здравство на Република Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конвернација се поризнесе дека поради епидемијата на коронавирусот треба да се избегнуваат масовните собирања на луѓето, а таквата препорака ги опфаќа и спортските натпревари кои треба да се одржуваат без присуство на гледачи. Во оваа превнетивна акција спаѓа и полуфиналниот меч од фудбалската Лига на нации меѓу Македонија и Косово кој треба да се одигра на 26 март во Скопје. Победникот од овој дуел ќе биде на чекор од пласман на завршницата од ЕП-2020, бидејќи ќе му остане уште пресметката со подбриот од дуелот Белорусија – Грузија.

-Сите спортски натпревари, вклучително мечот Македонија-Косово, според мене треба да се играат без публика. Да бидеме внимателни, очекуваме на меѓународни натпревари да има гости од странство. Оваа забрана (за масовни јавни собири) ќе препорачаме да трае уште една недела, до 13 март, но во зависност од ситуацијата можно е да донесеме и друга одлука. Натпреварот е закажан за 26 март, па да оставиме уште малку простор да видиме како ќе се одвива ситуацијата, изјави министерот на  прес-конференција.

Ако дојде до ваква одлука ФФМ се поризнесе дека ќе ги почитува препораките на надлежните, а на сите оние кои веќе купиле влезници за натпреаврот ќе им  ги врати парите. ФФМ ги пушти во продажба влезниците по цена од 300 и 400 денари.

Треба да знаете
Последни објави