Австриската полиција уапси жена и нејзините два сина на возраст од 19 и 22 години, под сомнение за трговија со марихуана во Австрија.
Исто така се верува дека важна улога во целата операција има и мајката на уапсената жена, од БиХ, која ја одгледувала марихуаната, пренесува српски „Телегреф“.
Осомничената жена, државјанка на БиХ, е обвинета дека редовно го посетувала домот на својата мајка и од таму шверцувала десетици килограми марихуана.
Дрогата со нејзините синови ја продавала во Линц, а бабата била одговорна да им обезбеди нова пратка, кога повторно ќе дојдат во посета.
За време на апсењето, кај осомничената полицијата пронашла повеќе од 20 килограми канабис, но и три килограми хероин, како и спид.
Семејството било уапсено кога најмалиот син се обидел да продаде дрога на полициски инспектор во цивилна облека.