Необична сцена се случила на четвртфиналниот натпревар од Купот на Русија помеѓу „Ахмат“ и „Зенит“ во Грозни.
Како што пренесуваат медиумите, гостите славеле по продолжетоците со 2 : 1, но во 86. минута за малку ќе се случела тепачка кога навивачите на домашната екипа, револтирани затоа што симпатизерите на „Зенит“ ги соблекле маиците, тргнале во стампедо за да се судрат со нив.
Массовые беспорядки на матче "#Ахмат" – "#Зенит" в Грозном pic.twitter.com/FDKoSB9KI9
— Pocket TV (@Pocket_TV_RU) March 4, 2020
Тие биле спречени од полицајците кои ги разделувале спротивставените страни.
Ним им помогнале и фудбалерите, а повод за стампедото на „голите“ навивачи бил обичајот што постои во Чеченија дека жените и децата не треба да гледаат голотија.
„Треба да ја почитуваме традицијата. Ова е вообичаено однесување на нашите навивачи, но тоа овде се сфаќа поинаку“, коментира тренерот на „Зенит“, Сергеј Семјак.