Германската Влада донираше за албанската полиција седум возила „мерцедес бенз спринтер” во вредност од 327.000 евра. Генералнот директор на албанската полицијата Арди Велиу на предавањето на донацијата меѓу другото рече дека „обновувањето на полициската флота дополнително ги подобрува перформансите на полициските структури”.
– Денешната донација се додава на возилата и другите донации добиени од германското сојузно Министерство за внатрешни работи низ годините. Честото обновување на полициската флота, со нови и висококвалитетни возила, дополнително ги подобрува перформансите на полициските структури и во исто време работните услови и услугите на полициските службеници, во случајов оние од единицата за брзи интервенци, на кои ја користам ова прилика да им честитам на нивната работа и посветеноста на дадените задачи, рече Велиу.
Германскиот амбасадор во Тирана, Питер Зинграф, во својот говор истакна дека со овие возила сега ќе може побрзо да се стигне на местото на настанот.
– Со овие возила сега можете да одговорите на модерен начин на различни ситуации. Сакаме да направиме уште еден чекор напред, ќе испратиме обучувачи од германската полиција. Ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да ве поддржуваме понатаму, рече Зинграф.
Тој посочи дека Германија е присутна во Албанија и останува партнер во безбедносните прашања.