Одбраната на второобвинетата во „Рекет“ Катица Јанева најави дека при презентација на нивните докази, од судот ќе побараат на одредени рочишта јавноста да биде исклучена, бидејќи ќе биле користени докази од истрагите кој ги извршувало сега веќе згаснатато Специјално јавно обвинителство со кое токму шефуваше Јанева. Судењето продолжува следната недела, кога се очекува да почне сведочењето на одбраната на поранешната обвинителка Катица Јанева, откако претходно Дуковски ќе ги образложи материјалните докази што ги најави.