Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс во дербито на Западната конференција убедливо го победија Хјустон со резултат 120:105.
Тимот од Калифорнија го забележа шестиот триумф во низа и со учинок од 43:19 е втор на Западот, додека Ракетите го запишаа вториот пораз во низа со скор од 39:22 и сега се на делба на четвртата позиција со Јута.
Благодарение на одличната игра тимот на Док Риверс во ниту еден момент не беше во резултатска неизвесност во Тојата Центарот во Хјустон. Клиперси предводени од силно мотивираниот Каваи Ленард брзо поведоа со 20:8, а од почетокот на вториот период до крајот констатно имаа двоцифрена предност. Кон средината на последната четвртина имаа и максимални 30 поени разлика. Ленард уфрли 25 поени и додаде 6 скока и 5 асистенции, Монтерези Херис постигна 19, одличниот Ивица Зубацпридонесе со 17 поени, 12 скока и една блокада,Пол Џорџ13, аМаркус и Џамајкл Грин натпреварот го завршија со по 11 поени. Во екипата од Тексас Вестбрук беше најефикасен со 29 поени, 15 скокови и 5 асистенции, Харден остана само на 16 со 7 скокови и 4 асистенции, аДануел Хаус14.
Стеф Карипосле четиримесечна пауза и пропуштени 58 натпревари се врати на терен и Голден Стејт кој сезонава е најлош тим во НБА беше блиску да го изненади шампионот Торонто (121:113).
Кари во својот повратнички натпревар беше најефикасен кај Вориорси со 23 поени, 7 скока и 7 асистенции за 27 минути поминати на паркетот. Кај победничкиот тим со Норман Пауелуфрли 37 поени што за него беше рекорд на кариерата.
Сакраменто – Филаделфија 108:125
Шарлот – Денвер 112:114