Природата може да биде застрашувачка, но луѓето во најголем дел изгледа дека успеваат да ја пронајдат причината зад разни природни појави, вклучувајќи ги и чудните светлини на небото или во водата или, пак, моќните бури. Но, некои работи допрва треба да се објаснат, пренесува „Спутник“.
Многу чуден дожд што падна во јапонската префектура Саитама предизвика страв кај граѓаните, затоа што остави видливи црни дамки, покривајќи сè со чудна темна вода. Мистериозниот дожд беше пријавен во понеделникот, 2 март, во градот Хасуда и во неколку други области на префектурата. Според локалните власти, тие го истражувале прашањето по бројните поплаки од жителите.
Некои луѓе стравуваа дека дождот е врзан со некои нуклеарни материјали во атмосферата, а други има и бизарни идеи за причината за овој феномен, како тајни ракети лансирани од Северна Кореја.
Неколку медиуми објавија дека можно е причина за црниот дожд да е пожарот што претходно избувна во еден од градските трговски центри или пожарот во градот Нода, во блиската префектура Чиба.