Врз учесниците на церемонија во Кабул, меѓу кои бил и авганистанскиот премиер Абдул Абдул, денеска е фрлена граната при што се повредени 11 лица.
Портпаролот на Абудл соопшти дека премиерот не е повреден.
Талибанците негираат одговорност за нападот врз учесниците на церемонијата во чест на локалниот лидер на Хазарите, Абдул Али Мазари, кој беше убиен во 1995 година.
Министерот за внатрешни работи на Авганистан потврди дека специјални полициски единици се испратени на местото на нападот, додека авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди нападот како злосторство против човештвото.
Хазарите воглавно се припадници на шиитската верска група, кои се честа мета на сунитските екстремисти во Авганистан.