Еден 43-годишен маж од Суботица е првиот пациент во Србија кај кого е докажано присуство на новиот коронавирус, јавуваат српските медиуми. Тој во моментов е во изолација, а „Блиц” јави дека има температура од 37,4 и се чувствува добро.
Весникот наведува дека човекот неодамна дошол од Унгарија. Тој пријавил симптоми слични на Ковид-19 по што му се земени примероци и нивната обработка во лабораторијата на Институтот „Торлак” покажала дека пациентот е позитивен на новиот коронавирус, објави „Новости”.