Влезниците за полуфиналниот фудбалски натпревар од Лигата на нации, помеѓу Македонија и Косово веќе се распродадени. Натпреаврот е закажан за 26. март на Националната арена „Тодор Проески”.
– Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на Националаната арена „Тодор Проески”. Исто така, благодарност до навивачите за трпението при процесот на купување на влезници, велат од ФФМ.
Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради коронавирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово, додаваат од ФФМ.