САД го поздравија договорот помеѓу Русија и Турција за прекин на огнот

САД го поздравија договорот што вчера го постигнаа лидерите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, соопшти претставник на Стејт департментот.

„Ја поздравуваме веста за прекинот на огнот во Идлиб. Се надеваме дека ова ќе помогне за деескалирање на исклучително опасната ситуација и ублажување на сериозната хуманитарна криза“, истакна тој.

Додаде дека сега е важно какви дејствија ќе бидат преземени во зоната на воени дејствија од страна на сирискиот претседател, Башар Асад, и оние кои го поддржуваат.

Путин и Ердоган вчера во Москва постигнаа договор за прекин на огнот, кој стапи во сила на полноќ. Од 15 март Русија и Турција ќе почнат заеднички патролирања низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр. Москва и Анкара се согласија за почитување на суверенитетот на Сирија и продолжување на борбата против тероризмот.

Треба да знаете
Последни објави